Телефон со Android: Безбедност и приватност

Начини што ќе ви помогнат вашиот телефон да биде безбеден, а личните податоци приватни. Научете како да поставите безбеден ПИН (Број за лична идентификација (PIN)) на вашиот телефон и како да користите отпечаток од прст за да го отклучите телефонот.

Пред да почнете

заклучен телефон со Аndroid

Паметниот телефон со Android што се употребува во презентациите во овој курс можеби не е ист со телефонот што го имате, но менијата и чекорите би требало да бидат слични. Пред да почнете, проверете дека имате:

  • телефон со Android
  • најнова верзија на оперативниот систем на телефонот

Како да поставите ПИН

Отворете ја апликацијата Поставки (Settings app) од Почетниот екран (Home screen) или поминете од долниот дел на екранот нагоре за да ги видите сите апликации.

  1. Апликацијата Поставки (Settings app) изгледа како запченик.
  2. Отворете ја Екран за заклучување (Lock Screen) од списокот со поставки.
  3. Отворете ги опциите на тип на заклучување на екран (Screen lock type options) и изберете ПИН (PIN).
  4. Внесете нов ПИН што мора да има најмалку четири (four) бројки, но ако внесете повеќе бројки, тогаш вашиот телефон ќе биде побезбеден.
  5. Шестцифрениот ПИН (six-digit PIN) претставува ПИН што е сигурен и лесен за помнење.
  6. Ако претпочитате, можете да изберете да го потврдувате ПИН-от без да допирате на ОК (Confirm PIN without tapping OK) секојпат кога се најавувате на телефонот.
  7. Допрете на Продолжи (Continue) и следете ги останатите упатства за да го завршите поставувањето на вашиот нов ПИН. Запишете го вашиот ПИН на безбедно место.
  8. Во зависност од моделот на вашиот телефон, можеби ќе видите опција да создадете Резервна копија од вашиот ПИН (Back up your PIN). Ќе треба да поставите сметка кај производителот на телефонот за да ја користите оваа опција.
  9. Ако мислите дека некој го знае вашиот ПИН, повторете ги овие упатства во кое било време за да поставите нов ПИН.
  10. Тестирајте го новиот ПИН со исклучување на екранот на телефонот со копчето за вклучување/исклучување, а потоа „разбудете го“ телефонот.
  11. Телефонот ќе ви го побара ПИН-от. Напишете го внимателно.
  12. Ако внесете грешен ПИН многупати по ред, содржината на вашиот телефон може да се избрише.
Изберете шестцифрен ПИН што вие лесно можете да го помнете, но на другите им е тешко да го погодат. За да создадете силен ПИН, користете случајни бројки и избегнете шаблони со бројки. Запишете го вашиот ПИН на безбедно место.

Како да поставите безбедност со отпечаток од прст

Можете да го употребите отпечатокот од вашиот прст за да го отклучувате телефонот наместо со ПИН. Безбедноста со отпечаток од прст е побрза и попрактична од користењето на ПИН, но сепак ќе ви треба ПИН за да го чувате вашиот телефон безбеден. Вашиот ПИН може секогаш да го отклучува телефонот, дури и без отпечаток од вашиот прст.

  • Отворете ја апликацијата Поставки (Settings app) и изберете ја опцијата Заклучување на екран (Lock screen).
  • Најдете ја опцијата за тип на заклучување на екран (Screen lock type) и изберете Отпечатоци од прст (Fingerprints), а потоа прочитајте неколку совети како правилно да го регистрирате вашиот отпечаток од прст.
  • Поставете го неколкупати прстот на сензорот (sensor) на телефонот следејќи ги упатствата на екранот.
  • Во зависност од моделот на телефонот, сензорот може да биде копчето Дома (Home button) или може да се наоѓа до камерата на задниот дел на телефонот.
  • Ако сакате можете да додадете друг отпечаток од прст или да допрете на Готово (Done).